Во oпштина Прилеп се одржа традиционалниот “Отворен ден за граѓаните”

Учениците од ООУ „Климент Охридски“ како и учениците од средните училишта, „Ристе Ристески – Ричко“, „Ѓорче Петров“ и гимназијата „Мирче Ацев“, денеска беа дел од присутните гости кои ја посетија општина Прилеп, во рамките на Отворениот ден и зачекорија по црвениот тепих.

prva

Учениците се запознаа со работата на голем број одделенија во општината започнувајќи од големата сала на општинската зграда, едношалтерски систем, инспекторатот, секторот за урбанизам, архивата, секторот за општо-правни работи, одделението за финансии, раководителите на одделенијата, Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, секретарот, шефот на кабинет на градоначалникот, а остварија и средба со градоначалникот Марјан Ристески.

vtora

„Традицонално еднаш во текот на месецот се организира Отворен ден за граѓаните на општина Прилеп кои ја посетуваат зградата на локалната самоуправа. Целта е да се одржува транспарентното работење на општината кое што е на доста високо ниво, и што е можно повеќе граѓани да се запознаат со работата на локалната самоуправа, проектите, и секако да дадат свои идеи и да постават прашања на кои ние редовно одговараме. И понатаму ќе продолжиме со реализација на овој прокет „Отворен ден за граѓаните“ и секако „Денот на идеи“ од кој што ден произлегле голем број на проекти кои се реализирани во Прилеп“, изјави Марјан Ристески, градоначалникот општина Прилеп.

_mg_6207

На присутните им беше презентиран и краток филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов и урбан лик на градот.

Од општина Прилеп истакнаа дека и понатаму ќе продолжат со реализирање на овој проект, кој се организира најмногу по барање на граѓаните.

_mg_5990 _mg_6013 _mg_6072 _mg_6088 _mg_6093 _mg_6142 _mg_6145 _mg_6160 _mg_6172

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.