На социјалната мрежа Тик-Ток се појави видео снимено на автопатот Тетово-Гостивар, како млад возач вози автомобил со 290 км на час.
Во автомобилот има весело друштво, музика. Објавени се неколку снимки на кои се гледа како возачот вози над 200 км на час во неколку прилики, иако самиот наведува дека е дозволено 100 км на час.
На почетокот на месецов, во рамки акциска контрола за брзо возење, полицијата со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. МВР повторно е на потег.
…ииии имаме нов рекорд со 290km/h и низа снимки со поголема брзина.
Пишете го на пописот и овој во графа живот-загрозувачи.
??️??️??️??️ pic.twitter.com/cbFdGG3z8Q— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 22, 2021