Во 18 часот цел Прилеп повторно на едно место: Споменикот “Прилепски бранители” е местото каде започнува маршот на Mакедонците

BeFunky Collage

Прилепчани повеќе од 20 денови ја даваат поддршката на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”. Протестите секој ден добиваат на масовност, а кон нив се приклучуваат и многу лица од уметноста, спортот, образованието и политиката.

Бројноста на протестите дава јасен одговор и на европските пратеници кои секојдневно ја посетуваат државата и на внатрешните политички фактори: НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА.

И вечерва во 18 часот пред споменикот “Прилепски бранители”, со македонски знамиња во рацете и патриотски песни прилепчани гордо ќе застанат на браникот на татковината.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.