Во Штип првото бебе се poди по 3 дена, диpeктopoт на болницата не го пyштил градоначалникот да го даpyва новopoденчето

Во штипската Клиничка болница изутрината во 9 часот се роди првото новороденче во 2022 година. Станува збор за здраво женско бебе, тешко над 4 килограми, а неговата мајка е од Радовиш.

Но, традиционалната посета и подароци за првороденото бебе годинава во Штип изостанаа. Градоначалникот Иван Јорданов и претставниците од неговиот кабинет доцна попладнево беа пред вратата на Гинекологија и акушерство, но од другата страна никој не им отвори. Образложението од болницата е дека има посебни протоколи, а директорот, Ален Ѓеорѓијев најави дека на прес-конференција утре ќе образложи,зошто градоначалникот со подароците не влегол на одделението.

-Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него.

Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение.

Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него – напиша штипскиот градоначалник на ФБ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.