Во рамките на кампањата „Собрание за граѓаните“, која се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Македонија, мобилниот парламентарен караван во четврток на 03. ноември ќе го посети Прилеп.
Парламентарниот караван во Прилеп ќе биде поставен на Плоштадот “Александрија”, a настанот е со почеток од 11 часот.
Организаторите на настанот ги повикуваат сите заинтересирани млади и граѓани да земат учество во активностите на мобилниот караван и да се стекнат со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, како и да се сретнат со пратениците од општина Прилеп.
Целта на ваквите парламентарни каравани е работата на Собранието да се доближи до граѓаните и секој да има можност да се запознае одблиску со работата на законодавниот дом.
Парламентарниот караван досега ги посети градовите Кавадарци, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија.
Караванот утре е во Велес, во четврток на 03ти ноември во Прилеп, а веќе на 4ти се сели во соседна Битола.