Во чест на прерано почитнатите колеги Деан, Мице и Мартин и Денот на затворските работници – крводарителска акција во прилепскиот затвор (ФОТО)

Во пресрет на празникот Крстовден – Денот на затворските работници, и во чест на прерано почитнатите колеги: Деан Конески, Мице Чапкуноски и Мартин Димески, во просториите на Казнено поправниот дом – Прилеп, денеска се одржа крводарителска акција.

Крв несебично даруваа голем број од затворските работници, директорите на институцијата, како и граѓани. Ова е традиционална крводарителска акција, а целта како и секогаш е спасување на нечиј живот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.