По повод христијанскиот празник Св. апостоли Петар и Павле градоначалникот Марјан Ристески ја посети најстарата населба Варош каде традиционално секоја година во црквата Св. Петар и Павле се слави овој празник.
Изразувајќи, ги своите желби за добро здравје благосостојба и напредок градоначалникот Ристески посочи дека секој свет храм во населбата Варош има културно – историска димензија. Инаку, денеска е Св. апостоли Петар и Павле. Во народот овој празник е познат и како Петровден, а него завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.
Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.