Во фудбалот се’ е можно: Мурињо со Фенербахче испадна од Бенфика, а сега ќе го предводи португалскиот тим во ЛШ

Жозе Мурињо е вистински цар. Пред неколку недели доби отказ од Фенербахче по поразот од Бенфика во квалификациите во Лигата на шампионите за што доби оштета од девет милиони евра.

Но, Бенфика по првото коло во Лигата на шампионите и поразот на домашен терен од Карабах, го отпушти тренерот. Раководството на португалскиот тим брзо реагираше и веќе го ангажира Мурињо на двегодишен договор.

Иаку, ова е камбек на Мурињо во Бенфика. Првиот негов престој во клубот датира од 2000 година, кога за кратко време го водеше клубот пред да се пресели во Порто. Токму таму започна неговата златна ера, освојувајќи ја Куп УЕФА во 2003 година и Лигата на шампионите во 2004 година. Тој успех го одведе во Челси, каде во два наврати освои три титули во Премиер лигата, а потоа следуваа трофеи со Интер (двојна круна и ЛШ во 2010), Реал Мадрид (Ла Лига во 2012), Манчестер Јунајтед (Лига Европа во 2017) и Рома (Конференциска лига во 2022).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.