Во супермаркет, во провинција во Јужноафрикаснка Република се случила една доста невообичаена сцена. Во фрижидерот полн со јогурти купувач пронашол питон долг четири метри.
-„Се заглавил во фрижидерот. Можеби дoшол од кровот или канализацијата, но зад продавницата има многу грмушки, па претпоставуваме дека можеби дошол од таму.“- изјавила раководителката на продавницата.
На лице место, веднаш бил повикан експерт да ја извади од фрижидерот и да ја стави под надзор на ветеринарите, кои ќе ја пуштат во националниот парк.
-„Кога змијата ќе заврши на таков студ, нејзините органи почнуваат да се гасат и ќе и треба 48 часа да се врати во нормала.“- изјавила раководителката.