Со спктакуларетн концерт синоќа, веќе традиционално во клуб “Калинка”, најпознатиот прилепски бенд THE HOUNDS, прослави 16-години постоење.
Во срцето на градот, во Старата прилепска чаршија, повторно вриеше како во кошница. Буквално немаше игла каде да се фрли. Прилепчани уживаа со своите миленици и пееја во еден глас.
Својата роденденска забава од THE HOUNDS ја збогатија со прилепското диџеј дуо Cyrillic и DJ NEOX, a свој допринос даде и еден од најдобрите прилепски актери, Илија Волчески.
За Златко, Крсте, Јане и Илија не беше потребна посебна најава. Со самата појава како и секогаш предизвикаа мал земјотрес и ја разиграа целата чаршија.
Дечки среќен роденден! Да си дочекате и “златна свадба” заедно, а ние да играме и уживаме заедно со вас!
Во продолжение ви пренесуваме само мал дел од атмосферата: