Православните верници го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрво во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен.
Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци.
Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде.