Во СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп се одржа традиционалната модна ревија “Тrash Fashion” (Фото галерија)

По повод Светскиот ден за на животната средина 5 јуни, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, организираше модна ревија од креации изработени со реупотреба на стара облека и текстилни производи.

Оваа година фокусот беше ставен на џинсот, облека која е омилена кај различни популациски и возрасни групи.

Креациите и модните додатоци ги изработија вредните раце на учениците од училиштето, кои редизајнираа, реупотребуваа и апциклираа фармерки, тексас јакни…, како и комбинации со други материјали, на кои им ,,всадија” нов живот.

-Овој настан го организираме за да ја поттикнеме еколошката свест, одржливото живеење и општествената одговорност кај учениците низ креативност, тимска работа, едукација, истражување, забава, другарување. Мотиви од хипи стилот беа вметнати во креациите, а слоганот на ,,Траш Фешн 2024” е да има мир и слога низ целиот свет. Благодарност за реализациајта до директорката на СОУ,,Ѓорче Петров”, Жанета Видевска, донаторитe на наградите за креациите: ,,Тритекс”, маркет Стибера, пицерија ,,Ла Стрaда”, пицерија ,,Леоне” , ,,Дуки Дасо”. слаткарница ,,Дизниленд Трејд. Благодарност и до конфекција ,,Кули”, конфекција ,,Жалфија”, креативните тимови од ученици, како и до сите присутни гости модната ревија ,,Траш Фешн 2024” – напишаа од училиштето.

🥇1 место : Тим составен од модел: Јана Чергоска и креатори Андреј Бошески, Даниел Главчев и Лејла Башевиќ,

🥈2 место :Тим од :модел Доротеа Илиеска, креатори: Милана Здравеска, Ангела Петреска, Андреј Макрески, Надица Максимоска, Христина Талеска, Анабела Јованоска, Фросина Митреска,

🥉3 место: модел: Јана Пирганоска, креатори Елена Бошеска и Фросина Стојческа.

Ментори на тимовите се професорките по ликовна уметност: Марта Макеска и Емилија Димоска како и професорките од текстилно-кожарската струка Здравка Најдоска и Наташа Мирческа

Освен главните три, беа доделени и уште неколку специјални награди.

Честитки до наградените ученици и до училиштето за одлично организираниот настан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.