Во собраниската сала на општина Прилеп денеска врачени нови 60 решенија за легализирани бесправно изградени објекти

IMG_3080

Процесот на легализација на бесправно изградените објекти продолжува со несмалено темпо. Во собраниската сала на општинското собрание беа доделени нови 60 решенија, со кои локалните геодетски фирми и урбанистичката служба при општина Прилеп, го потврдија завршувањето на процесто на утврдување на имотно-правната сопственост на недвижен имот.

Градоначалникот Марјан Ристески, при доделувањето на решенијата за диво изградени објекти истакна, дека паралелно со физичките лица, решенија се доделуваат и на правни субјекти, за легализација на диво изградени деловни простори.

IMG_3056

IMG_3058

IMG_3059

“Ваквото темпо на легализирање на дивоградбите во Прилеп се должи на добрата соработка со Агенцијата за Катастар на недвижности и геодетските служби”, истакна тој, нагласувајќи ја важноста од овој закон, како еден од најдобрите закони кој го донела Владата за граѓаните, да можат да станат сопственици на својот имот.

IMG_3076

IMG_3060

IMG_3069

IMG_3071

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата да не ги чекаат последните денови од предвидените рокови, туку што поскоро да ја достават до административните служби. Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новоподнесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.декември  годинава.

IMG_3086

IMG_3090

IMG_3092




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.