”Застанете на тенката растегната линија и ставете ги вашите способности, лични граници и самодоверба и погледнете каде ќе ве поведе вашиот ум и тело“, беше говорено на вчерашната работилница, која е дел од спортски настан од светски калибар „Krali Marko Boulder Maraton 2016“.
Словенските слеклајн мајстори од Љубљана сношти во стара чаршија кај градскиот часовник пред љубителите на дисциплина насловена како „Highline Meeting“ ги презентираа своите искуства на работилницата насловена како слеклајн.
Оваа работилница беше наменета за сите кои сакаа, во добро друштво од искусни „slackline“ мајстори да доживеат една нова спортска дисциплина, целосна вежба на телото и умот. Сесиите беа идеални за оние кои сакаа да го зголемат својот баланс и мускулни рефлекси, притоа јакнеејќи ја целокупната мускулатура со цел да стекнете подобра свест, контрола и телесна координација како и правилно држење на телото.