Во сабота со почеток од 17 часот во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, екипата на РК Прилеп во рамките од осмото коло во Супер лигата го пречекува ГРК Тиквеш.
Иако сезоната е се’ уште на стартот, фаворитите веќе се дистанцираа на табелата од останатите екипи. Ракометниот крем на врвот го сочинуваат Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, сите останати екипи до десеттото место се во игра да им се приклучат во пролетниот плеј-офф.
За прилепчани дуелите пред домашната публика ќе бидат клучни, па токму затоа дуелот со Тиквеш може да биде и клучен.
Да ги поддржиме нашите момци со полна сала во сабота!