Во сабота донесете ги децата во црквата Св. Петка: Ќе се одржи молебен за благослов на новата школска година

Црковниот храм Св. Петка од Прилеп ги повикува учениците и нивните родители во сабота (31.08) со почеток од 08:30часот, да присуствуваат на молебен канон за благослов на новата училишна година.

Во продолжение поканата од црковниот храм Св. Петка во населбата Точила:

-Овој посебен молитвен чин е посветен на сите ученици кои започнуваат ново поглавје во своето образование, како и на нивните учители и родители.

Со овој молебен, ќе го измолиме Божјиот благослов и заштита за нашите деца, молејќи за нивна мудрост, успех и здравје во текот на целата учебна година. Ова е време кога сите, како заедница, се обединуваме во молитва за да ги поддржиме нашите ученици во нивните напори и предизвици кои ги носи новата школска година.

Ги покануваме сите ученици, заедно со нивните родители, баби и дедовци, да присуствуваат на овој свет чин. Вашето присуство ќе биде знак на поддршка и љубов кон нашите млади генерации и заедничко посветување на нивниот успех во Божјите раце.

Се надеваме дека ќе ни се придружите и заедно ќе измолиме благослов од Бога за успешен и благословен почеток на новата школска година.
Со почит,
Храм Св. Петка




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.