Синоќа во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се одржа „Изборно кадетско првенство во борење“. На настанот учество земаа 60 борачи од боречките клубови на градот и Републикава. Домаќин на настанот беше БК „7-ми Мај ЛЕОВ“, кого го претставија Марјан Мимичкоски и Катерина Мирческа.
Веднаш после натрпеварот БК „7-ми МАЈ ЛЕОВ“ заминува на подготовка во Стара Загора во Р.Бугарија каде ќе одработи подготовки заедно со БК „Берое“ и на 26.03.2016 ќе учествува на силен меѓународен турнир каде прилепчани ќе си ги одмерат силите со борачите од САД, Украина, Турција, Русија, Србија, Романија и секако со домаќинот Бугарија.