Денеска во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ во организација на танцовиот спортски клуб Темпо – Прилеп се одржа танцов натпревар кој беше вистински празник за очи. Натпреварот беше бодован во стандартни и латино – американски танци прва лига, танцови двојки втора лига и модерни танци во дисциплини и категории. Сите љубители на модерните танци имаа можност да уживаат во неколку часовниот ангажман на младите и талентирани темповци.