По 8-ми традиционален пат и оваа година во организација на Средното економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп беше одржан Саемот на виртуелни училишни компании. Целта на настанот беше учениците да стекнат подобри вештини и знаење и да го искажат својот претприемачки дух.
Градоначалникот Марјан Ристески го поддржa настанот и посочи дека: „Со поддршка на локалната самоуправа и СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, се организира овој саем на виртуелни компании. Мислам дека ова искуство на учениците многу ќе им користи пред се во нивната идна професија и практичната настава“, посочи градоначалникот Ристески.
Учениците самостојно се подготвуваа за саемот, покажувајќи ја својата креативност преку подготовка на штандот и преку изработка на документи и рекламни материјали, постери, флаери, каталози, визит карти итн.