Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мечкина дупка во месноста Заград, Прилепски Варош, кои се во рамки на годишната проектна програма на НУ Завод и Музеј – Прилеп.
Се истражуваат две гробници изделкани во карпа кој што датираат во II век пред нашата ера, за време на последните Македонски кралеви Филип V и Персеј.
Овој тип на гробници имаат три градежни елементи: влезен коридор -дромос, преткомора и комора. Во нив се погребувале луѓе кој имале повисок општествено политички статус.
Вчера на терен беа присутни и претставници од Управата за заштита на споменици, кои исто така извршија увид во археолошките истражувања.