Денеска на патеката кај прилепското село Лагово се оддржа меѓународната мото-трка „Motocross Prilep Open – 2015“.
На трката учествуваа околу 40-тина мотокрос возачи од земјава и од странство кои се натпреваруваа во пет категории.
Според Ѓорѓи Манчески од клубот „Скај рајдер“ , мотокрос арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за оддржување на вакви трки.
„И оваа година, ја организираме оваа Меѓународна мото-крос трка. Над 30 мотокрос возачи од земјава и странство земаа учество на првенството. Во иднина сакаме да организираме европска мото-крос трка, а Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот, посочи Манчески.
Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп станува центар на екстремните спортови:
„Традиционално ја организираме веќе трета година по ред оваа трка заедно со клубот „Скај рајдер“. Патеката се надградува според европските стандарди, а за догодина ќе се потрудиме, Прилеп да биде конкурентен за организирање европски мото-трки“, рече градоначалникот Марјан Ристески.
„Motocross Prilep Open – 2015“ внесе неверојатна доза на адреналин како кај присутните така и кај натпреварувачите.