Во Прилеп извршена јавна распределба на 76 социјални станови

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-2

Денеска во 11 часот во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, беше извршена распределба на 76 социјални станови од страна на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-18

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-16

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-17

Објектот е 3.220 квадратни метри и тој е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и за лица со посебни потреби. Средствата за изградба на становите беа обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории зашто интенција на Владата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата.

Инвестицијата за овој објект е 1,7 милиони евра, а вкупно до сега се изградени 678 станови за социјално ранливи категории граѓани во 13 општини.

5896-sveceno-otvorena-novata-socijalna-zgrada-vo-prilep-960x600-1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.