Во Прилеп доделени нови 60 решенија за легализација

_MG_8969

Нови 60 решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска се доделени во општина Прилеп.

Решенијата ги врачи градоначалникот Марјан Ристески кој како што посочи, општина Прилеп останува да биде лидер во легализирани објекти, а до сите граѓани апелира да се обраќаат до надлежните служби во општината доколку сакаат да градат нов објект.

Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.077 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп одговорила на дури на 9.000, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%. Краен рок за поднесување на елаборати во продолжениот рок од 2015/2016 година е крајот на 2017-та година, а крајниот рок за сите комплетирани барања за доработување е 2021 година.

_MG_8977

_MG_8973

_MG_8967

_MG_8965

_MG_8961

_MG_8959

_MG_8953




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.