„Аудиција“ од Александар Галин е новата претстава што ја подготвува театарот „Војдан Чернодрински“, а ја режира Владимир Милчин. Ќе биде горчлива комедија, современа, денешна.
Изјава на режисертот Владимир Милчин:
Тоа е нашата ситуација – сегашна. Луѓето на било кој начин се обидуваат да избегаат од земјата, за да на некој начин најдат подобри можности за опстанок. При тоа, тоа е некоја очајна ситуација, во која човек тешко може да го брани достоинството и мора да прифати неприфатливи работи. Затоа велам дека е горчлива комедија. Мислам дека е многу актуелна денес тука за кај нас. Ако режисерот не сработи со актерите претставата нема да биде добра. Претставата ќе биде добра само актерите од срце го играат текстот, односно играјќи ги ликовите ни укажуваат дека некој не продал, дека сме ние само стока. И тоа е страшно ако се има предвид дека младите генерации се жртви на тоа. И младите заминуваат оти не гледаат перспектива. Галин сум го работел со студенти на ФДУ, кога како студент играше прилепскиот актер Владимир Ѓоргијоски, кој денес не е тука. Изгледа тоа што го одигра таму му се случи во животот.
Ќе играат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Марија С.Илијески, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Илија Волчески, Михајло Миленкоски, Сара Спиркоски.
Изборот на музиката ќе биде на режисерот, за сценографијата е задолжен Крсте Џидров, а за костимите Марија Пупучевска.