Во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” утре премиера на претставата “ПО ИМЕ ГОСПОДИН”

Прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” денеска одржа прес конференција за најновата премиера “По име господин”, која за прв пат ќе се одигра на 6.12.2024, со почеток од 20.00 ч.

“ПО ИМЕ ГОСПОДИН” – Филип Лoле

Режија: Борис Василески
Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Ненад Тонкин
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Серафим Чернит
Дизајн на светло: Бобан Смилкоски

Играат:

ГОСПОДИН – Димитар Ѓорѓиевски
АНЕТА, МАЈКАТА – Даниела Иваноска
ЕНДИ, КАРЛ ЕНГЕРЛИНГ, ПРВ ИСЛЕДНИК – Михајло Миленкоски
НОРБЕРТ, ХАЈО – Дарко Карбески
СИЛВИЈА, ВТОР ИСЛЕДНИК – Наталија Ристеска

Идејата да се отфрлат општествените правила и да се живее живот надвор од капиталистичките и потрошувачки рамки – и тоа денес, во Западниот свет – тоа, за волја на вистината, се граничи со апсурд. Но за Господин, апсурдни и бесмислени се бесконечните наметнати потреби и норми на денешното живеење кои ги трошат и ги обезвреднуваат нашите животи. Преку глава му е од сѐ, па решава да се ослободи, да живее едноставно и да достигне апсолутна индивидуална слобода и независност, надвор од „капиталистичката работничка мелница“. Ниту прифаќа да работи, ниту да користи пари. Неговата идеја е радикална, но тој не гледа друга можност за себе. За да се издржува, во подрумот сместува еден необичен придружник – лама, која му помага да се одржува во живот без да се предаде на бескрупулозното секојдневие и материјализмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.