Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен

Во прекин е сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сепак се пренасочува преку Битола. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

 

pat-makedonija-640x427

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.