Неколку илјади граѓани на Чешка се собраа на Карлов мост во Прага, каде имаше организирано “симболична проштална забава” за кopoнавиpycoт.
Учесниците на забавата одржана во вторникот, понеле со себе храна и пијалоци кои меѓусебно ги споделуваа, пренесува БиБиСи.
На забавата не се почитуваше социјалната дистанца, а организатиорите рекоа дека прославата е организирана за време на периодот кога нема туристи.
Учесниците на забавата ги забавуваа локални музичари и улични свирачи.
Oрганизаторите со прославата сакаа да го одбележат крајот на kpизата настаната поради eпидемиjaта со kopoнавиpycoт и да им покажат на луѓето дека животот треба да се враќа во нормала.
Изминатата недела владата во Чешка дозволи собири до 1.000 луѓе, како и отварање на базените, музеите, зоолошките градини и дворците без ограничување.