Во понеделник промоција на Здружението: “За нашите граѓани” во Прилеп – Гостин Максим Димитриевски

Во понедлник 10. октомври, во 18:00 часот пред Саат кулата во Прилеп ќе се одржи граѓански собир со претставување на Граѓанското здружение “За нашите граѓани” од Прилеп, кое е формирано по примерот на Граѓанското здружение “За наше Куманово”.

На покана на Претседателот на здружението од Прилеп, господинот Емил Јанески, на настанот учество ќе земат претставници од Граѓанското здружение “За наше Куманово” од Куманово, предводени од актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идеен творец на движењето Максим Димитриевски, како и претседателот на здружението во Куманово, Даниел Стојчевски.

На настанот е предвидено обраќање на Градоначалникот Максим Димитриевски, на претседателот на здружението од Прилеп Емил Јанески,на претставникот на младите од Прилеп Мартин Кокароски како и презентација на идните заеднички планови и активности на двете граѓански здруженија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.