Во понеделник „Отворен ден за граѓаните“ и „Ден на идеи“ во Општина Прилеп

FUN_2498

Општина Прилеп во понеделник, повторно ќе ги отвори вратите за сите посетители кои се пријавија и изразија желба да ја посетат општина Прилеп. Средношколци, основци, вработените во јавни институции.. и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“. Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, граѓаните ќе ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината. На присутните ќе им биде презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот.
Во понеделник на 23 ноември сите граѓани кои имаат приложено идеа за подобар Прилеп, ќе имаат можност истите да ја презентираат на „Денот на идеи – идеа плус за подобар Прилеп“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.