ВО ПОДРУМОТ ПРОНАШЛЕ ТУНЕЛ КОЈ ВОДИ ПРЕКУ ГРАНИЦА: Долг е 200 метри, а неговата намена е страшна !

Мексиканската полиција пронашла скриен тунел на границата меѓу Мексико и САД. Почетокот на тунелот е во куќа во градот Хакума, блиску до границата со Калифорнија. Долг е 200 метри, но не е довршен.

Намената на овој тунел била транспорт на дрога од Мексико во САД. На влезот тунелот е длабок 10 метри, а на крајот 3 метри, широк е околу еден метар.

“Пронаоѓањето на овој тунел е голема работа. Потребно е многу време да се изгради ваков тунел”, изјавуваат од полицијата. Тунелот има шини и соларни панели за спроведување на електрична енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.