Во петок 3 февруари 2016 година во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК,,Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата ,,ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЦРТЕЖ ДЛУМ 2015“
Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да проследат интересни дела од 30 реномирани ликовни уметници од земјата – членови на ДЛУМ.
-Не остапувајќи од фактот дека цртежот не е само составен дел од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео арт ументоста, повеќе од јасно е значењето на овој концепт на изложбата., кој целосно го напушта класичното. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање, вклучувајќи ги притоа сите негови радикални трансформации – велат од ДЛУМ.
Оваа изложба е прва од многуте што планира ЦК,,Марко Цепенков да ги реализира годинава вели директорот Тони Чатлески. Со програмата, Министерството за култура ќе финансира 36 ликовни проекти, а Центарот самостојно ќе реализира дополнително и други ликовни настани.