Во ООУ “Блаже Конески” oдбележан „Денот на јаболкото“

_mg_9230

Во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп денеска се одбележа „Денот на јаболкото“. Одбележувањето е во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“. Преполни штандови со производи од јаболко, многу насмеани детски лица, дружење и забава, сето тоа беше споено во рамките на одбележувањето на „Денот на јаболкото“, кој се организира по петти пат во ООУ „Блаже Конески“. Собраните средства, од продажните штандови, ќе бидат наменети за потребите на училиштето во дополнително доопремување посочи, Марија Дулеска директорка на основното училиште.

_mg_9207

_mg_9210

_mg_9217

_mg_9220

_mg_9232

_mg_9234

_mg_9239

Манифестацијата ја посети и градоначалникот Марјан Ристески, кој ја пофали креативноста на децата  и вклученоста на наставниците и родителите, како  и нивната поддршка во кампањата за здрава храна

Кампањата „Денот на јаболкото“ има за  цел е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука.

_mg_9240

_mg_9242

_mg_9245

_mg_9254

_mg_9261

„Денот на јаболкото“ е еден од многуте јавни настани како дел од активноста Денови на овошките и зеленчуците од кампањата „Здрава храна за детство без мана“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.