Во недела спаринг борби во бокс и кик-бокс на отворено во Прилеп

На 11.09.2016 недела, од 14:30 часот,  во склоп на летната бавча на  PIZZA HAPPY во центарот на нашиот град, ќе се одржи отворен спаринг борби во бокс и кик-бокс. Настанот е во организација на Кик – Бокс Клуб ”ШАМПИОН” -Прилеп и Боксерски Клуб “АС”-Прилеп и ќе се одвива под мото “СПОРТОТ МОСТ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ”.

14256338_10154354600130926_324469987_n

Промотор на настанот е Дарко Чатлески.

  • “Нашата цел да се подигни свеста на младите да спортуваат, а да ги отфрлат модерните пороци. Исто така сакаме да ги промовираме нашите членови до кој степен се дојде во досегашната напорна работа”, изјави Дарко Чатлески

14302496_10154354600365926_521483650_n

14249243_10154354600135926_1332546562_n

На настанот ќе настапат борци од Прилеп, Ресен , Радовиш и Виница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.