Kaj демирхисарското село Граиште, во недопрена природа, се наоѓа 500 години старо светилиште – манастирот Св. Тома, или познат како Граиштански манастир, или Шути манастир.
Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.
На 19.10. (недела) кога се празнува Светиот апостол Тома, сите патишта, не само од Демир Хисар и Демирхисарско, туку и од други градови водат кон ова светилиште.
До манастирот има асфалтиран пат, а на празникот ќе има утрена богослужба со Света литургија со почеток од 07:00 часот, а потоа следи водосвет и пеење на славските лепчиња.
За сите верници кои ќе го посетат храмот, домаќините ќе имаат приготвено вкусна манастирска чорба, пијачка и музика, па останува само да уживате во чистиот воздух, природата и пријатното октомвриско време.
За многу години!




























