Во недела боречки спектакл во Прилеп: БК “7-ми Мај” ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во борење “Крали Марко 2024”

Боречкиот Клуб “7-ми Mај” од Прилеп ве’ информира дека на ден 12.05.2024гoд. (недела) ќе го организира Меѓународниот турнир во борење, слободен стил и женско борење International wrestling tournament “Krali Marko” 2024.

Турнирот ќе се одржи во спортскта сала при ОOУ “Добре Јованоски” во Прилеп, a на истиот турнир учество ќе земат сите македонски клубови, како и гости од: Косово, Бугарија, Турција и др.

Од прилепскиот клуб учество ќе земат 25-30 борачи и борачки, а тренерите очекуваат добри борби, пред се’ поради домашниот терен и одличните резултати кои клубот ги има во контиунитет, како на државните натпревари, така и на меѓународните турнири.

-Исто така ве информираме дека нашиот клуб ќе го прослави и своето 20-годишно постоење на борењето во Прилеп и Македонија. Од клубот изразуваат огромна благодарност до сите членови во клубот, сите кои на некаков начин му помогнале на клубот да биде вистински амбасадор во Прилеп, Македонија и странство, како и на сите кои ќе ни помогнат во иднина да го задржиме статусот на шампиони на ниво на Македонија во женското борење, ни изјави секретарот на клубот Душко Стојаноски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.