На почетокот од оваа година во Мексико ќе се започне со изградба на најголемата статуа на Исус Христос во светот.
Скулптурата е наречена Cristo de la Paz и ќе биде висока 77 метри, што значи дека ќе биде речиси двојно повисока од моментално највисоката, онаа во Боливија, која достигнува 40 метри.
Проектот за изработка го замислил и организирал мексиканскиот глумец Едуардо Верастегуи Кордоба. Според неговите зборови, целта на проектот е да се остави наследство за мир во сојузната држава Тамаулипас во која е роден.
Тамаулипас е моментално една од сојузните држави во Мексико со најголем број убиства.