Во конкуренција од 1.172 литературни творби, на меѓународниот натпревар, на најубавата манифестација Детски Рацинови средби, во срцето на Коста Солев Рацин, во Велес, поетската творба на тема ,,Кога денот од стих се раѓа” ученичката Лина Огненоска од 9В одделение од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп, под менторство на наставничката Моника Трајкоска, беше одбрана во петте најдобри литературни творби и закитена со награда-пофалница на 58 издание на манифестацијата.
„Рацин се сака со зборови, но уште повеќе со дела. А кога делата зборуваат, тие се погласни и од сите зборови. Ова воедно е и поттик за сите ученици да веруваат во себе и да го следат својот глас кон успехот.“ велат од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.
И на својата ФБ страна напишаа:
„Прекрасно патување на креативност, соништа и уметност.
Рацин е жив!
Рацин сме ние!
Рацин е кратенка за сите нас!
Сите сме дел од песна која никогаш нема да замолчи!
…… И додека последниот збор не згасне, додека последниот работник не замолчи, поезијата ќе живее, Рацин ќе живее, а со нив и народот!“
Честитки за Лина и нејзината наставничка!
























