Во индустриската зона „Прилеп 1“, денеска беше поставен камен темелник на новата бензинска пумпа. Зоната почнува да се комплетира, а во наредниот период оваа индустриска зона ќе добие и два нови објекти.
„Денеска беа поставени камен темелите на новата бензинска пумпа, која како што посочи инвеститорот ќе ги има сите пропратни содржини, паркинг за возила и тешки товарни возила, ресторан, самопослуга… што значи пополека се комплетира оваа индустриска зона“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Инвеститорите веднаш по комплетирањето на инфраструктурата влегоа и почнаа со градба на своите капацитети, така што очекуваме на сите 21 парцела што беа продадени во изминатите години да почне да се гради.
„Од вкупно 21 продадена парцела, ова е 13-та по ред која почнува да гради во индустриската зона „Прилеп 1“, посочи Методија Зајкоски раководител на одделение за урбанизам и просторно планирање.
Бензинската станица ќе биде изградена на површина од 1200 м2.