Во изминатото деноноќие во целата држава беа евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 1 е сѐ уште активен, а 26 се успешно изгаснати благодарение на навремената интервенција на надлежните служби, велат од Центарот за управување со кризи.
Во Прилеп и прилепско во изминатото деноноќие изгаснати се пожари на неколку места:
– с. Канатларци – с. Шелеверци (арско ѓубриво)
– м.в. „Маркова Чешма“ (ниска вегетација)
– ул. Димче Антулески (ѓубриште и ниска вегетација)
– ул. Димче Антулески бр.15 (ниска вегетација)
– стар млекар (ниска вегетација)
„Центарот за управување со кризи продолжува со внимателно следење на состојбите и координација со сите надлежни институции. Апелираме до граѓаните за внимателно и одговорно однесување на отворен простор“, велат од ЦУК.