Во Големо Коњари се славеше Духовден: При крај е и изградбата на плоштадот и паркот

2

Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети населеното место Големо Коњари кое го слави слегување на Св. Дух – Духовден, втор ден.
„Славејќи го овој голем ден, на Вас и на сите верници Ви посакувам мигови на разбирање и бериќет во секој дом. Господ нека не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата.
Нека е за многу години големиот празник , посочи градоначалникот Ристески.

6

5

 

 

1

3

Градоначалникот Ристески го посети плоштадот и паркот каде при крај се градежните активности. Овој проект ќе биде реализиран преку проект на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, општина Прилеп и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, каде населеното место Големо Коњари ќе добие плоштад и парковска површина.

8

7

Оваа инвестиција ќе чини три и пол милиони денари. Паркот ќе опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите. Со новиот парк, на жителите ќе им се овозможи дружење и забава, како на најмладите така и на постарите. Општина Прилеп, покрај редовното спроведување на активностите во градот, се грижи и за подобрување на културниот живот во руралните средини.

13

14

15

11




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.