Во вторник се сади Божикна пченица: Направете го ова за поубава и побогата 2020 година!

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува во домот со семејството, како и одењето на црквените богослужби. Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божикната пченица.

Иако пред Божик можат да се купат скоро секаде, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете го сами!

За да порасне до Божик треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

За садењето ви е потребно шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите.
Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат.
До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.

Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.

Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.

Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.

Извор: “Република.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.