Во Велес уапсени двајца млади прилепчани – полицијата им пронашла фалсификат банкноти од по 200 евра

-На 06.10.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес ги лишија од слобода А.У.(22) и М.Ј.(22), двајцата од Прилеп. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициските службеници извршиле контрола во патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., а сопатник бил А.У., при што кај А.У. се пронајдени и одземени девет банкноти од по 200 евра, за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификат. Тие се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.