Започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата.
Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за овој проект.
Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни.
По поставувањето на тампонираната подлога со дебелина од 25 см, ќе следи асфалтирање.
Дебелината на асфалниот слој ќе биде 7 см, а вкупната асфалтна површина 2119 м2.
Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој Општина Битола имаше одобрено најголем број проекти.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.





























