На 6 април 2026 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на книгата „Она што се памети живее“ во организација на Македонско научно друштво – Битола (МНД) и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Книгата, издание на ДПМ, содржи сеќавања од современи книжевници за значајни починати писатели, а пред многубројната публика писателите Петар Андоновски, Милица Димитријовска Радевска, Елизабета Јончиќ, Ирена Јурчева, Фросина Пармаковска и Добре Тодоровски споделија сеќавања за Драги Михајловски, Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Никола Кочовски и Лилјана Дирјан. Разговорот кој се одвиваше во пријатна и пријателска атмосфера со учество и на публиката го модерираа Живко Грозданоски, претседател на ДПМ и Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД.


























