Во Австралија ќе се учи на Македонски јазик: Врачена официјално наставната програма

Новата наставна програма за изучување на македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс, вчера, свечено им беше предадена на претставниците на “Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс”, во седиштето на Националното тело за стандарди во образованието – објави “Си-Би-Ес на Македонски”.

Македонскиот јазик е еден од петте јазика, за кои беше изработена официјална програма, а по која учениците во државата ќе го изучуваат јазикот од следната година.

Државната министерка за образование, Сара Мичел претходно објави дека, сега учениците ќе можат да изберат да изучуваат еден од јазиците според новата наставна програма од забавиште до 10то одделение, но не само јазикот, туку и културата на заедниците, хиндуската, македонската, персиската, пунџабската и тамилската.

Наставните програми беа креирани како дел од програмата на училиштата, во која се изучуваат јазиците на заедниците, а која беше најавена од премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан – додаваат од “Си-Би-Ес”

Прилогот слушнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.