Огромна змија од 1,8 метри била заловена во предградие во Бризбејн во Австралија.
Објавена е и фотографија од огромната црна змија, а „фаќачите на змии“ велат дека жената која го пријавила случајот рекла дека змијата го убила кучето на нејзиниот татко.
–Во прашање е мирна змија, мажјаците во овој период се во потрага по партнерка, ова им е сезона за парење, па затоа залутала“ рекол Брус.
Меѓутоа сепак потврдил дека оваа змија е поголем примерок.
Во просек тие достигнуваат до 1,5 метри до 2, а мајжјаците малку подолги.