Раководството на Победа го договори второто засилување за продолжението на првенството на Првата лига. По бразилскиот напаѓач Уемерсон Рамон, по комплетирањето на документацијата, се очекува нов член на Победа да биде српскиот интернационалец- офанзивен играч за врска Милан Војводиќ, кој во јануари ќе наполни 23 години.
Станува збор за фудбалер кој бил член на репрезентацијата на Србија за фудбалери до 19 години која под водство на Љубинко Друловиќ ја освои титулата Европски првак на шампионатот во Литванија 2013 година.
Роден во Кикинда Војводиќ кариерата ја започнал во ОФК Кикинда, настапувал за Војводина, афирмацијата ја стекнал во Спартак Суботица а настапувал во австрискиот Мос Силц и Сента. Тој беше на еднонеделна проба на која ги задоволи вкусовите на Стручниот штаб и се очекува да биде на списокот фудбалери кој ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона.
Војводиќ и Рамон се првите од неколкуте засилувања кои се неопходни на тимот за продолжението на првенството и тешката борба за опстанок.