Екипата на Хамбургер и покрај победата од 2:1 против Борусија Мехенгладбах не успеа да го сочува бундеслигашкиот статус и од следната сезона ќе игра ранг подолу.
Тоа значи дека тимот на Хамбургер за прв пат по 54 години испаѓа во Втората лига во Германија. Од основањето на Бундеслигата во 1963 година овој тим беше учесник во истата, но од наредната сезона нема да биде во елитното друштво во Германија.
Тимот кој во минатото продефилираа многу фудбалски ѕвезди некако успеваше да се спаси од испаѓање во последните неколку години, но тоа не им појде од рака и оваа сезона, па заедно со Келн ќе се преселат во популарната „Цвајте лига“.
Пред самиот крај на натпреварот фановите влетаа во терен и направија инцидент и буквално го запалија стадионот, односно столчињата на најпозната трибина на стадионот.