Волјата за живот прави чуда! Девојка од Нови Сад родена е без раце – светски вицешампион е во теквондо, се занимава со стрелаштво и одлично слика (Видео)

Дејана Бачко од Нови Сад иако е родена без раце е вицешампион на Европа и светот во теквондо, слика, се занимава со стрелаштво, студира и сите обврски ги извршува целосно сама.

Во основното училиште била дискриминирана во општеството, но тоа не ја спречило да покаже дека нејзината различност не е во физичките недостатоци, туку во волјата за живот.

“Во основно училиште сите се потсмеваа на мене, тогаш си доаѓав расплакана дома и барав од мајка ми да ми ги даде нејзините раце, а потоа таа ми рече дека би ми ги дала да може, но ми рече и да ја кренам главата горе и да одам само напред. Таа реченица ме водеше и така успеав во сето ова”, вели Дејана за порталот “dnevnick”.

Дејана ја нарекуваат девојка со крилја, затоа што за нејзе не постои не можам. Таа слика со помош на нозете, а наредна цел и е да се појави на параолимпијадата во Токио во 2020 година во стрелаштво.

“Се’ нормално правам, се’ правам со нозете. Се облекувама сама, буквално се’ правам сама, знам и да готвам, единствено што не можам е да ги закопчам фармерките, тоа и единствено косата, макар што сега ми е кратка косата, тоа е тоа, се’ правам со нозете. Како што вие се’ правите со рацете, јас тоа го правам со нозете, можеби и малку повеќе”, истакнува Дејана.

Во животот, вели оваа енергична девојка, најважна е волјата, но и добрата организација.

Дејана им порачува на сите да ја користат насмевката за да го променат светот, а да не дозволат светот да ја промени нивната насмевка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.