Вчера мобилните тимови на Црвен Крст Битола извршија достава на потребни средства на 5 семејства кои ги контактираа на нивните дежурни телефони. Во согласност со препораките на Владата и Министерството за Здравство.
“Ве охрабруваме сите вас доколку имате потреба од доставување на храна, средства за хигиена и слично да се обратите на телефонскиот број: 047-236-019”, велат од општинската организација на Црвениот крст од Битола.